Поранешната пратеничка и екс-функционер на СДСМ, Софија Куновска, реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев според кој е нечесно една цела нација да се оквалификува како фашистичка.

„А кога тоа и кој се обидел цела нација да квалификува за фашистичка?
Се моли премиерот да престане да не третира за малоумни и низ ужасни манипулации да се обидува да го брани тоа што е неодбранливо.

И ова не е инцидент ова е веќе негова навика“, напиша Куновска на нејзиниот Фејсбук профил.