Нашата поранешна Мис на Македонија, модел, актерка и професионален модератор Вера Мештеровиќ на својот инстаграм-профил ги израдува своите обожаватели, пријатели и следбеници со својот најнов ангажман.
Имено, Мештеровиќ се впушта во водителските води, па така гледачите пред малите екрани ќе имаат можност да ја гледаат во склоп на Утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал5 телевизија.
Вера сподели фотографија со своите нови колешки Бубе Јаневска и Јелена Спенџарска
на кои воедно им се заблагодари за топлото добредојде.
„#ЗдравоМакедонијо утринска програма на Канал5 Телевизија од денеска на мое големо задоволство се дружам со Вас драги гледачи покрај малите екрани заедно со моите колешки Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска на кои им благодарам за топлото добредојде и на целиот колектив позади камерите. Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети, рецепти, информации и секако актуелни теми за кои ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење. Ви посакувам убав ден, секое добро, се гледаме“, напиша Вера во описот на фотографијата.