Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, упати серија остри критики кон актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, притоа задржувајќи силен тон и директни пораки во својата објава на социјалните мрежи.
Во објавата, Арсовска пишува:
„Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот.“
Таа јавно побара од Ѓорѓиевски целосна транспарентност околу финансиските обврски на Град Скопје, наведувајќи:
„Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш.“
Арсовска побара и обелоденување на податоци за вработените:
„Исто и со име и презиме сите 400 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници.“
Таа го критикува и начинот на комуникација на градската администрација:
„Нека не ти пишува Луке соопштенија за да се пресметуваш, ниту твоите полусветови ботовски да ме навредуваат, бидејќи знае народ дека лажеш.“
Арсовска го повика Ѓорѓиевски на јавно соочување:
„Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење.“
Од кабинетот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски засега нема официјален одговор на обвинувањата и повикот за дебата.























