Поранешната девојка на принцот Хари, Челси Дејви опиша како се чувствувала во текот на седумте години од нивната врска. Таа не можела да се справи со медиумскиот притисок, изложување и папараците кои го следеле секој нејзин чекор.

Бизнисменката родена во Зимбаве, првпат започнала да се забавува со Хари уште во 2004 година, а пред неколку години за Тајмс раскажа низ што поминувала за време на романсата, пишува „Мирор“.

EPA
Извор: EPA/IAN JONES

„Да, беше тешко. Беше премногу застрашувачко и непријатно. Ми беше многу тешко кога ситуацијата беше лоша. Не можев да се справам со тоа. Бев млада, се обидував да бидам обично дете и за мене, тоа беше беше ужасно“, изјави таа во 2016 година.

Нивната врска беше опширно опфатена од медиумите во тоа време, а сега темата повторно се актуелизираше откако принцот Хари во серијата на „Apple TV+“ која ја обработува темата за ментално здравје „The Me You Can’t See“ со Опра Винфри, отворено зборуваше за вознемиреноста што ја чувствувал имајќи предвид дека е мета на медиумите целиот негов живот.

EPA
Извор: EPA-EFE/TOBY MELVILLE / POOL

„Не живеев во опкружување каде можев да разговарам со некој за тоа како се чувствувам, беше нормално тоа да се потиснува. Секогаш кога ќе го облечев своето одело, ќе ја ставев вратоврската и кога ќе тргнев да ја одиграм мојата улога, добивав панични напади, се препотував, срцето ми лупаше како лудо… од 28-та до 32-та година од животот, тој период беше мојот кошмар“, изјави Хари, додавајќи дека секогаш кога ќе влезел во автомобил и ќе забележал камера, паничните напади започнувале.

Покрај фактот дека приватниот живот на принцот Хари отсекогаш бил премногу интересен за светската јавност, истиот проблем го имала и неговата тогашна девојка. Во тој период фотографии од нејзините излегувања по ноќните клубови постојано завршуваа во весниците, а тоа, заедно со стресот што е во врска со член на кралското семејство, придонело врската да заврши.

Instagram
Instagram

„Сакам да уживам во животот, но и да постигнам нешто затоа што сум многу амбициозна. Тие не знаеја колку навистина работам затоа што не зборував за тоа гласно. Но, еден ден ќе излезеш да се забавуваш и има слика. Папараците не фотографираат кога одиш на работа секое утро, па изгледа како само да се забавувам“, во тоа време истакна Челси.

Двојката раскина во 2011 година кога Челси сфатила дека таков живот не е за неа, но тие останале пријатели по раскинувањето. Челси исто така беше на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл.