Еден од најконтроверзните италијански фудбалери раскажа како се здебелил 14 килограми додека го носеше дресот на „кралскиот“ клуб.

Антонио Касано во последно време често е присутен во јавноста и тоа со анегдоти од својата бурна кариера. Касано се сметаше да голем талент, но неговото непрофесионално однесување и тежок карактер не му дозволи да има кариера каква му предвидуваа тренерите.

Еден дел од својата кариера го помина во Реал Мадрид, поточно од 2006 до 2008 година кога тренер му беше Фабио Капело со кого веднаш влезе во кавга и тоа поради прекумерната тежина.

– Кога пристигнав во Реал загубив 12 килограми, но потоа дојде Канаваро и повторно го вратив загубеното – се пошегува Касано во подкастот на Кристијан Виери, а на кој гостин беше и токму Фабио Канаваро.

Кога Капело дојде за нов тренер, постигнав два гола и се чувствував како крал. Меѓутоа, набрзо почнаа проблемите, ме замине на полувреме против Олимпик Лион, а во Херез се закрвивме до максимум по што се исфрли од екипата. За седум месеци се здебелив 14 килограми и за тоа виновна е Нутела која беше спонзор на Реал. Секој месец добивавме по пет килограми, а јас јадев дирекно од кутијата со лажица. Не се грижев за ништо, иако изгледав одвратно – открива Касано.