Некогашниот руски фудбалски репрезентативец, Роман Широков, е казнет со само 100 часа општествено-корисна работа поради напад на судијата Никита Данченко на аматерскиот турнир, кој се одигра во август.
Тој реагираше бурно, откако не му беше досуден пенал, по што доби црвен картон, што дополнително го разбесни. Следуваше физички напад по што му нанесе на судијата неколку удари.
Широков професионалната кариера ја заврши во ЦСКА Москва пред четири години, а надобрите денови од кариерата ги имаше во Зенит. Покрај за руските гиганти играше и за Истра, Сатурн, Рубин, Химки.