Министерот Крешник Бектеши со заменик директорот на МЕПСО, вчера беа во посета на Косово, каде со нивни колеги разговараа за можноста на увоз на јаглед од оваа земја, заради потребите пред се на РЕК Битола. Како што е познато, во Македонија има недостаток на јаглен, па објавувани се јавни набавки, а има се пријавувале неколку фирми. Македонија со увоз на јаглед се обидува да го покрие недостатокот и со тоа да обезбеди доволно електрична енергија за зимскиот период.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини се огласи на својот фејсбук:
-Со чадот од 3 тони јаглен од Косово, во Македонија ќе се оствари „зелената агенда“ на ДУИ…
Секако, Хајредини со ова алудираше на предизборната кампања на ДУИ која фокусот го стави на зелена и чиста околина, со ветување за користење на алтернативни извори на енергија.
Инаку, ДУИ со спот за обновлива енергија и искористување на сончевата светлина во ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола, ДУИ ја започна зелената агенда, односно кампањата за изборите. Стануваат дел од Европскиот зелен договор и отсега натаму фокусот ќе им биде насочен кон животната средина.