Поранешниот командант на британската морнарица, лорд Алан Вест, денес предупреди дека рускиот напад врз Украина ризикува да се претвори во целосен конфликт со западниот одбранбен блок и дека Велика Британија веќе „всушност е во војна со Русија“.
„Доста е тешко да се види како некој ќе излезе од овој конфликт бидејќи не сакаме целосна војна меѓу НАТО и Русија. Русија би изгубила – а опасноста од нивна загуба е прашањето дали потоа би ја направиле таа глупава грешка со нуклеарното оружје“, рече тој, објавува Дејли меил.
Поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, кој се појави во истиот подкаст, силно предупреди дека Велика Британија не е доволно подготвена за конфликт.
Текстот Поранешен командант на британската морнарица: Русија би изгубила од НАТО во војна од големи размери е превземен од МАКФАКС.























