„Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди визија за државата. Со освоени само 120 илјади гласа и 6 општини партијата е во длабока политичка и организациска криза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дека во СДС под водство на Филипче постојат длабоки поделби и несогласувања меѓу највисоките структури во раководството говори и фактот на одлив на кадри каде искусни партиски членови и поранешни функционери се дистанцираат и заминуваат од СДС.
Дали се точни информациите кои од Бихачка стигнаа до нас каде се тврди дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДС, поради сомнеж во лидерскиот капацитет на Филипче?
Филипче ја турка СДС во лидерска криза. Филипче не ужива доверба и не е перципиран како лидер кој обединува а симпатизери и членови на СДС не сакаат да бидат дел од раководните структури и се дистанцираат од партијата.
Филипче нема авторитет и не успева да ја мобилизира базата и да наметне јасно лидерство. Партиското раководство е поделено без јасна стратегија и без кохезија. Дел од високите функционери го доведуваат во прашање капацитетот на Филипче. Со Филипче на чело СДС станува се помалку релевантен фактор на политичката сцена.
Доколку нема сериозни реформи и одговорно раководство СДС ризикува целосно да ја изгуби политичката тежина.
На Македонија и неопходна силна и конструктивна опозиција која ќе биде коректор на власта“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот „Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.






















