На Мауро Белуџи му се ампутираи двете нозе поради компликации со коронавирусот.
Белуџи како позитивен на коронавирусот е примен во болница на почетокот на ноември, но откако дошло до влошување на симптомите и здравствената состојба, лекарите му ги ампутирале двете нозе.
– Ми ја ампутираа ногата со која постигнав гол против Борусија Менхенгладбах. Ќе носам протези како Оскар Писториус па ќе те натрчувам по ходниците на телевизиските студија – му рече Белуџи на новинарот Лука Серафини.
Неговиот поранешен тим Интер преку директорот Бепе Марота му порача дека за него секогаш ќе има место во тимот, а се огласи и градоначалникот на Милано, Џузепе Сала кој рече дека нема да го заборави тоа што Мауро го направи како фудбалер.
Мауро Белуџи пет години го носеше дресот на Интер, од 1969 до 1974 година и за тоа време настапи на 136 натпревари, Потоа играше за Болоња и Наполи, а кариерата ја заврши во Пистоезе.
Белуџи има и 32 настапи за итлаијанската репрезентација, од 1972 до 1979 година и играше на две Светски првенства.