За само десет дена шефот на грчката дипломатија, алтернативниот минситер за надворешни работи, но и грчкиот премиер неколку пати јасно ја изразија поддршката за европската перпектива на регионот, испраќајќи порака дека Унијата не смее да го заборави Западен Балкан, јави дописничка на МИА од Атина.
„Грчката Влада јасно ја поддржува европската перспектива на Македонија, бидејќи добро разбира дека тоа е во корист, како на грчките национални интереси, така и на стабилноста и просперитетот на регионот”.
Официјална Атина сѐ погласно ги изразува оваа поддршка и овој став, особено во пресрет на Самитот ЕУ- Западен Балкан, а со сличен став е и професорот на катедрата за балкански, словенски и ориентални студии на солунскиот Универзитет „Македонија”, Јоргос Христидис, кој воедно е и визитинг професор на Универзитетот во Софија, но и истражувач во ЕЛИАМЕП, а во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека е јасна поддршката на грчката Влада за европската перспектива на Македонија, но и дека пролонгирањето на сегашната ситуација ги засега интересите на ЕУ во регионот.
Инаку, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис минатиот петок за време на обраќањето на Генералното собрание на ОН изјави:
„Да не ја испуштиме можноста да го искористиме самитот ЕУ Западен Балкан во Словенија за да се направи смел чекор напред“.
Професорот Христидис, коментирајќи ги овие ставови вели дека грчакта Влада јасно ја поддржува европската перспектива на Македонија бидејќи дбро разбира дека тоа е во корист, како за грчките национални интереси така и за стабилноста и просперитетот на регионот.
„Мислам дека сите ги чекаат бугарски избори и конечно формирање нова влада во Софија. Трети страни, но особено ЕУ, треба да понудат секаков вид добра услуга за двете земји, со цел да се најде решение што ќе овозможи свикување на првата меѓувладина конференција. Што е можно поскоро. Пролонгирањето на сегашната ситуација ги засега интересите на ЕУ во регионот, вели Христидис.