Барселона синоќа објави одлично видео на официјалната страница на Фејсбук по повод почетокот на месецот Рамазан.

Имено, каталонскиот клуб ги воодушеви своите љубители на исламската вера ширум светот со одлично видео за почетокот на светиот месец – Рамазан.

За муслиманите, вчера започна најспецијалниот месец во годината, а Барселона реши да испрати честитки до муслиманите ширум светот.

На видеото учествуваа припадници на исламска вероисповед кои играат за некои од фудбалските тимови на Барселона. Меѓу другите, се појави Миралем Пјаниќ и им честиташе на муслиманите за почетокот на месецот Рамазан.

Исто така, од првиот тим честитки испратија Усман Дембеле и Илеикс Мориба.