Од 16:20 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, информира АМСМ.

Претходно, беше воведена и забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Како што соопшти АМСМ, забраната важи и за патниот правец крак Маврово – Дебар и е воведена од 15.25 часот.