Повеќе од 500.000 луѓе преминале од Либан во Сирија откако во земјата се судрија милитантното движење Хезболах и Израел, соопшти синоќа комитетот за управување со кризи на либанската влада.

– Од 23 септември до 25 октомври 348.237 државјани на Сирија и 156.505 државјани на Либан преминале на сириска територија, се вели во соопштението на Комитетот.

Прекуграничниот конфликт меѓу Израел и проиранскиот милитантен Хезболах, кој дејствува од територијата на Либан, почна во октомври минатата година, веднаш откако палестинската терористичка организација Хамас ја нападна еврејската држава и уби околу 1.200 луѓе.

Поради војната во Сирија, голем број бегалци од таа земја дојдоа во Либан по 2015 година.

Текстот Поради војната од Либан во Сирија избегале повеќе од 500.000 луѓе е превземен од МАКФАКС.