Исламските и еврејските заедници во светот се загрижени поради свинскиот желатин, што е една од состојките во вакцините со што се доведува во прашање имунизацијата на населението против ковид-19.

Поголемиот број вакцини содржат свински желатин што служи како стабилизатор при транспортот и складирањето.

Поради муслиманите и Евреите, швајцарската компанија „Новартис“ произведе вакцина против менингитис без свински желатин, а саудиските и малезиските компании во моментот работат на слични вакцини.

Но, „Фајзер“, „Модерна“ и останатите компании кои работат на развој на вакцина против ковид-19 не гарантираат дека вакцините нема да содржат свински желатин.