Комунистичка Куба доцна синоќа објави дека потпишала договор со Иран за трансфер на технологија за најнапреден развој на вакцини за коронавирус и за спроведување на последната фаза на клинички испитувања со вакцинација на луѓе во Исламската Република, објави БТА.
Двете земји подлежат на строги санкции на САД, кои не ги опфачаат лекарствата, но честопати ги обесхрабруваат странските фармацевтски компании да тргуваат со нив, па затоа сега ќе се потпрат на себе.
Иран започна со тестирање на својата прва вакцина против КОВИД-19 врз луѓе и чека на одобрување, додека Куба има четири пробни вакцини што сè уште не се тестирани на луѓе. Еден од нејзините најнапредни кандидати, Соберана 2, ја заврши втората фаза на испитувања, која започна на 22 декември и ќе биде тестирана на околу 150 000 луѓе во Хавана.
Сепак, карипската држава ќе мора да спроведе повеќе тестови на луѓе во странство, бидејќи нема голема стапка на инциденца поради успешните мерки против ширење на вирусот, соопштија официјалните лица. Во исто време, Иран е најпогодена земја на Блискиот исток. Кубанскиот институт за развој на вакцини „Финлеј“ синоќа објави дека потпишал договор со иранскиот институт „Пастер“ за соработка при тестирањето на Соберана 2.
Портпаролот на иранското Министерство за здравство вели дека 50.000 доброволци ќе бидат регрутирани за учество во третата фаза на клинички испитувања на кубанската вакцина. Тестовите врз луѓе во земјата се претходно утврдени преку трансфер на технологија и заедничко производство на ванкцината.