Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски одби да распредели во неговата институција административци вработени по рамковен, односно од оние кои седеа дома, а земаа плата. Како што изјави тој пред неколку дена изјави дека немаат доволно простор, а и оние што им се нудат не се квалификвани. Заев вчера порача Пауновски да не води „војна“ преку медиумите, а тој денеска вели жал му е што премиерот не го разира.
-Изјавата на Зоран Заев не ја сфаќам како притисок, само сум малку разочаран што премиерот не ме разбира, иако пратив информација за состојбата во Пазарниот инспекторат. Побарав да ми одговори врз основа на кои критериуми со 247 веќе вработени лица, ни даваат најнесоодветни кадри. За 12 административци со Економски и Правен факултет, нема проблем, ќе ги примиме. Ама другите се со 180 кредити и можат да работат само обична администрација, зашто се детективи или со факултет за криминалистика од факултетот на Рамиз Мерко. Јас веќе имам вработени кои што во инспекторатот работат 10 години и не можам да ги унапредам зашто систематизацијата не го дозволува тоа поради образованието и сега треба да примам кадар за кој што немаме потреба. Нас не ни треба администрација, туку луѓе за на терен, за во Источна Македонија. Да ни дадат 20 инспектори за во источна Македонија, зашто немаме инспектори во Струмица, Кавадарци, Штип и Кочани, вели Пауновски за Слободен печат.