Од март 2020 година до април годинава околу 1,5 милиони деца ширум светот изгубиле барем еден родител или старател поради пандемијата со Ковид-19, покажува најновото истражување на тим истражувачи од „Имеријал колеџ“ во Лондон, предводени од Сет Флаксман, кои до оваа бројка дојдоа создавајќи математички модел со помош на податоци за наталитетот и морталитетот од коронавирусот.
Со оглед на фактот дека овие податоците не се целосни за сите места, бројката може да биде само проценка, а веројатноста е поголема, напишаа научниците.
Бројот на деца кои изгубиле еден или двајцата родители поради пандемијата е особено голем во Јужна Африка, Мексико, Бразил и Колумбија.
Вкупно, бројот на децата кои ги загубиле своите татковци е пет пати поголем од бројот на децата кои ги изгубиле своите мајки.
Инаку, истражувањето е објавено во медицинското списание „Лансет“.