Власта денеска во Собрание не успеа да собере 61 пратеник за да ја оддржи 30-та седница на која требаше да се расправа за Законот за лекови и за интерпелација на вицепремиерот Димитров. Поради немање на кворум пропадна и гласањето на Законот за попис на населението оти во салата имаше 59 пратеници.
Собранискиот спикер Талат Џефери објасни дека 7 пратеници го известиле дека не можат да присуствуваат на седницата, а еден пратеник од парламенгтарното мнозинство е позитивен на Корона, а друг го чека резултатот од тестот.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека опозицијата е во Собрание, но не се присутни во сала во знак на револт што два предлог закони се со европско знаменце, а немаат врска со тоа.