Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел ја почна средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со констатацијата дека меѓусебните односи „живеат тежок момент“.

Денешната средба во Москва е прва што се одржа со висок претставник на ЕУ на руско тло во последните четири години. Сепак, ЕУ се соочи со критики за преземање чекори кон подобрување на односите со Москва во време на операцијата против опозицискиот активист Алексеј Навални и неговите приврзаници.

-Случајот Навални ги доведе нашите односи на ниско ниво,, наведе тој. Но, и покрај нашите разлики, да се изгради ѕид на тишина не е опција.

На својот блог, Борел напиша дека ЕУ го осудува апсењето на Навални и репресијата на неодамнешните демонстрации, но ја посочи и важноста од односите со Москва.

„Русија останува сосед и клучен партнер со кој мора да одржуваме дијалог ако навистина сакаме да станеме глобален играч и да можеме да влијаеме на прашањата од суштинско значење за нашата безбедност, како што се Сирија, Либија, Нагорно-Карабах, Белорусија и Украина. Ова е целта на мојата посета“. (МИА)