Градот Мајами Бич на југот на Флорида прогласи вонредна состојба поради прекумерни посети на туристи за време на пролетниот распуст, додека се уште трае пандемијата на коронавирус, објави Јаху њуз.

Градоначалникот на Мајами Бич, Ден Гелбер рече дека во тоа популарно туристичко место во саботата, од 20 часот, е воведен полициски час, а шеталиштата покрај плажата се затворени.

– Двете мерки ќе бидат во сила најмалку три дена, рече Гелбер и потврди дека се водат разговори за продолжување на рестриктивните мерки.