Кошаркарите на Работнички не отпатуваа во Бања Лука на вториот турнир во АБА 2 лигата што почнува во понеделник (18 јануари). Причина се двајцата позитивни играчи на ковид-19 во тимот од Градски парк.
Од Работнички не обелоденија дали дополнително ќе отпатуваат за Бања Лука, па се поизвесно е дека регионалниот кошаркарски турнир на второлигаши ќе мине без еден од двата македонски претставника.
За разлика од Работнички, во Бања Лука е МЗТ Скопје и првиот меч аеродромци ќе го одиграат во вторник.