Чадот и смрдеата од депонијата на Буково ги извади граѓаните на протест. Утринава жителите на селата кои се директно засегнати од загадувањето го блокираа влезот кон депонијата.Велат загаден е воздухот, водата, почвата – вака не може да се живее.

Како резултат на загадувањето се поголем е велат бројот на заболени жители од канцер во охридско и Преспа.Бараат надлежните што поскоро да ја затворат и дислоцираат депонијата или тие ќе почнат да блокираат и патишта но и ќе поднесат тужби.

Од ЈП Комуналец пак информираат дека досега 90 % од депонијата се покриени а до крај на работниот ден истата ќе биде целосно средена. Но апелираат до надлежните полициски служби да вршат позачестени патроли и контроли за да се спречи повторно потпалување.