Поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски го прозва сегашниот министер Никола Димитров, а во врска со скандалот со приведениот македонски дипломат. Попоски порача дека реакцијатра на Димитров била типочно негова, дека не знаел дека бил доцна информиран.

 

-Типично за Димитров! Само тој е неупатен, не знаел, доцна му кажале, не сакал да си се меша во сопствените ингеренции и сите други му се криви до петто колено. Вака си има човекот истерано цела кариера.

А фактите се едноставни: целата ерменска афера е во негов мандат, ако сметал дека некој од вклучените не треба да биде каде е, можел веднаш да го реши проблемот, ако сакал да премести некој исто можел веднаш. Инаку Димитров менувал, враќал, поништувал конкурси, незаконски уназадувал, шиканирал куп луѓе во МНР, за што државата ја задолжил да исплаќа преку загубени судски спорови. Но на клучниот од аферата не му фали влакно од глава во текот на цело министерување на Димитров. Дури изгледа имал и време за слободни активности.

Зошто Димитров не реагирал, ако како што пишува сега самиот бил запознат?

Сега според него е виновна директорката на градинката во која Миленковски престојувал како мал, само тој не е одговорен за ништо? Па ни за МНР? Додека е на чело?

Димитров бил министер кога цел филм се одвивал, од почеток до крај. Се уште е член на Влада! Вели дека бил запознат. Но решил да си тера гледајќи во таван, а за се во негов мандат да му се криви сите наоколу, освен самиот тој.

Криви му се сите од поранешната партија која го праќаше по светот, сегашните другари со кои е во Влада му се исто криви, но и идните коалициски преку кои би сакал да се престрои.

Ако има чувство треба да ја стави шапката на глава и да го изоди ходникот кон излезната врата. Барем некој ќе рече дека еве еднаш имал чувство за одговорност на функционер.