„Ќе поставам три прашања сите до градоначалничката и иако не е присутна одговорот може да го даде писмено или некој од претставниците на градските служби. Ќе започнам со едно народно правило кое вели дека кога еден човек има проблем со еден или двајца од своето опкружување треба да размислуваме и да бараме кој е во право во таа ситуација, но кога еден човек има проблем со сите кои се во неговото опкружување тогаш мислам дека самиот тој човек треба да се преиспита себеси и своето однесување“, нагласи Сергеј Попов, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната седница на советнички прашања.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Попов додаде и дека како млад човек е разочаран од досегашното работење на градоналчалничката Данела Арсовска.

„Како млад човек кој во кампањата даде поддршка на Арсовска и на концептот за модерно Скопје можам да кажам дека сум разочаран и не сум само јас туку се разочарани и сите оние млади луѓе од кој јас во кампањата барав глас токму за градоначалничката Данела Арсовска“, истакна Попов.

Попов постави три советнички прашања и сите три до градоначалничката Данела Арсовска и рече дека не очекува одговор судејќи по досегашното до буквално на ништо базирано според него, нејзино надмено однесување.

„Ќе поставам три прашања сите три до градоначалничката не очекувам одговор судејќи по досегашното буквално на ништо базирано нејзино надмено однесување. Прашањата се зошто збор не е спомнат за вашето ветување во кампањата за изградба на нова мултифункционална концертна арена на отворено? Зошто збор не е спомнат од вас за реконструкцијата на пет средни училишта во градот Скопје?  Третото прашање е зошто збор не е спомнат за изградбата на нова гимназија во општина Аеродром. Велам збор не е спомнат бидејќи до сега секако немаше време да се изгради, но доколку нешто се работеше ние младите ќе бевме свесни дека тоа нешто се работи, ќе имаше визибилност, нешто ќе очекувавме“, нагласи Попов.