Околу 200 куќи во Скадар се поплавени како последица на обилните врнежи од дожд во претходните денови, но и од излевањето на реките во Албанија.
Според локални медиуми, повеќе куќи во општина Скадар и селото Ливаде се без струја и вода и отсечени од другите делови на државата, а војската го евакуира населението. Некои патишта може да се минуваат само со чамец.
Ситуацијата е сериозна и во општина Валона, каде поплавите создадоа сериозен сообраќаен хаос. Дел од населението се евакуира.
President @ilirmetazyrtar urges #Albanian government to declare #stateofemergency in #Shkodra after severe #floods
➡️https://t.co/j4TZ9EIC6m pic.twitter.com/H7UBOcDe2w
— Euronews Albania (@EuronewsAlbania) February 11, 2021