Нова група граѓани од Авганистан се очекува попладнево да пристигнат во земјата. Според информациите од Владата, тие ќе пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје после 16 часот.
Ова ќе биде втора група Авганистанци кои ќе пристигнат во Северна Македонија откако во нивната земја власта ја презедоа талибанците. Во првата група имаше 149 лица, меѓу кои и жени и деца. Тие пристигнаа на 31 август.
Како што информираа од Владата, станува збор за цивили кои работеле или соработувале со Американците, работеле во НВО, во изминатите 20 години, пред Талибанците да ја преземат контролата во оваа држава.