Земјотрес со јачина од 2.6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Струмица, Валандово и околината.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 17 часот и 10 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 120 km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.6, а беше почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.