Попладнево во 15 часот нов протест пред зградата на Владата на угостителите и индустријата за организирање на свадби. Нивното барање е побрзо донесување на протоколите за работа со кои ќе се вратат во функција сите комплементарни дејности. Од таму велат дека протокол за работа чекаат веќе една година.
Рестораните за организирани настани, ноќните клубови, музичарите, фотографи, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери веќе неколкупати досега го изразуваа незадоволството од неможноста да работат – прво во скопската населба Автокоманда, а потоа пред Владата.
Од Владата во меѓувреме се изјаснија дека одлуките не зависат од нив, туку од Комисијата за заштита од заразни болести.