https://fb.watch/2U71gAx3hC/

Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ;

П: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски обвини денеска дека пропаднала идејата за фингерпринтовите и понуди решение за одложување на пописот, каков е вашиот став?

Пописот е статистичка операција и во многу наврати го кажуваме тоа. Нашиот опонент гледа на сето ова како на политичка операција и верувам дека и тие ќе го препознаат моментот дека е важно пописот да се случи во 2021 година со што дополнително ќе овозможиме економски раст пред се на државата, но и сите оние придобивки коишто ги овозможува пописот. Верувам дека ќе се најде политички консензус и пописот ќе се спроведе во 2021 година, а во делот на обвинувањата на господинот Мицкоски верувам дека и тој ќе излезе од неговото ситно политиканство и секако ќе размислува во насока на добробит на сите граѓани на нашата држава и заеднички ќе придонесе и помогне да се спроведе пописот во 2021 година. Нашиот став како во многу изминати прес-конференции и изјави на претседателот Заев беа дека пописот е задолжителен да се спроведе во оваа 2021 година.