Јован Деспотовски, директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, тврди дека пописот ќе придонесе за привлекувањето на поголем број на странски инвестиции, а со тоа работниците ќе имаат поголеми плати.

Деспотоврски открива дека секој потенцијален инвеститор којшто доаѓа во земјава, меѓу првите прашања кои ги поставува е прашањето за структурата на работната сила.

„И токму затоа пописот апсолутно и директно влијае врз одлуката на инвеститорите да вложат во Северна Македонија, и секако тоа што е многу важно, влијае врз структурата односно на висината на платите што овие компании ги даваат на работниците кои ги ангажираат“, вели Деспотовски во видео обраќање до јавноста.

Тој вели дека сакаат са да привлечат квалитетни странски инвестиции кои ќе донесат повеќе пари во буџетот, но и подобро платени места.

„Само така младите би ја виделе својата перспектива, наместо да размислуваат за иселување“, уверува Деспотовски.

Според неговите очекува, до 2024 година вработените во компаниите кои се активни во ТИРЗ да добиваат 30-50 проценти поголеми плати.