Протоколите за попис се јавно објавени, има различни протоколи за различни ситуации. Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето – изјави директорот на ДЗС, Апостол Симовски на Канал 5.
Првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вели дека има заразени четворица инструктори за попишување. Се заразиле од своите сопружници, но додава дека нема никаква опасност и тоа не е пречка да се реализира попишувањето.