ДЗС ќе преземе мерки против попишувачот во Велес, кој не дозволил ромски граѓанин да се попише како Ром во графата за етничка припадност, по реакцијата на граѓанското движење „Аваја“, изјави активистката од ова движење, Марија Сулејманова, во „Студио 10“ на ТВ24.
Инаку, Вкупно 800 008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.