Досега се попишале 137 111 нашинци во дијаспората, а само последниот ден 7 102 македонски државјани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
„Се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на спроведувањето на операцијата на 21 април. Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. Одвојте 10-ина минути од вашето драгоцено време за да бидете дел од сликата за Република Северна Македонија, велат од Државниот завод за статистика.
За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, од Државниот завод за статистика на граѓаните им се на располагање отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk.