Во Медвеѓа има само тројца попишувачи Албанци кои учествуваат во пописот на населението што започна во Србија. И тие малку попишувачи Албанци не се праќаат во албанските населени места, туку на нивните врати тропаат попишувачи Срби. Албанскиот пратеник во српското Собрание, Шаип Камбери изјави дека тоа е спротивно на договорот што бил направен со посредство со ОБСЕ. Пописот на населението на Албанците во Србија се одржува после две децении. Албанците од Прешевската Долина не учествуваа на пописот во 2011 година, а на претходниот во 2002 година, броеја околу 56.000 лица.
„За Медвеѓе попишувачи кои ги поминаа тестовите се само тројца. Но, проблемот е во тоа што и овие тројца не се праќаат во албанските населени места, туку се праќаат во српските населби. Во меѓувреме, српски попишувачи се испраќаат во албански населби, што е спротивно на договорот што го имавме со Министерството за дијалог и човекови права со посредство на ОБСЕ. Ние го алармиравме ОБСЕ и западните амбасади, очекуваме од денеска договорот повторно да почне да се почитува. Во спротивно ќе треба да ја преиспитаме нашата одлука и став за пописот на населението во оваа општина. Се сомневаме дека сето тоа се прави за да не се попишат Албанците“, рече Шаип Камбери, пратеник во српското Собрание.