Според религиската припадност, 46.14 % од резидентоното население во земјава или 847 390 лица се изјасниле како православни, 590 878 (32.17%) како муслимани, 6 746 (0.37%) како католици, а 242 579 (13.21%) се издвоени во посебна група како „христијани“, покажуваат пописните резултати што ги објави денеска Државниот завод за статистика.
Како протестанти се декларирале 1 313 лица, а како посебни религиски групи се посочени и евангелско-протестанстки христијани 8 764, евангелисти-методисти 889, евангелсисти 678, адвентисти 371, баптисти 70, реформисти 50, јеховини сведоци 1 137.
Има и 74 припадници на еврејско (мојсиева) заедница, 96 харе кришна и 894 будисти.
Како атеисти се изјасниле 355, а агностици 1 964 лица.