Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников директно преку Твитер им порача на руските војници да се предадат.
Резиков рече дека доколку доброволно го положат оружјето, тие ќе добијат целосна амнестија и паричен надомест.
„Руски војници! Ве доведоа во нашата земја да убиваш и да умреш. Не слушајте ги криминалните наредби. Ви гарантираме целосна амнестија и 5 милиони рубљи доколку го оставите оружјето. За оние кои ќе продолжат да се однесуваат на окупаторски начин, нема да има милост“, напиша тој во објавата на Твитер.