Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули годинава се пониски за 0,5 отсто на месечно и за 0,2 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба претходниот месец продажните цени на производителите на индустриски производи во јули се пониски во групите Енергија за 1,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,1 и Капитални производи за 0,4 отсто.
Во споредба, пак, со јули 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 7,1 и Капитални производи за 5,2 отсто.