Пред да тргне на долго патување за да достави подароци , Дедо Мраз му се обрати на целиот свет.

„Помогнете им на оние кои имаат потреба“, повика добриот старец од Лапонија.

По две години ограничувања поради пандемијата, илјадници луѓе повторно се упатија кон Лапонија за да го посетат Дедо Мраз .

Оваа година една од желбите и на најмалите е светскиот мир.

„Оваа година добив писма и пораки од целиот свет од луѓе кои посакуваат Божиќ да донесе мир и среќа насекаде во светот. Многумина зборуваат за важноста на споделувањето и грижата, оние најважни вредности на Божиќ кои никогаш не се менуваат. Оваа година, мојата сопствена Божиќна желба е сите ние, секако, да им помогнеме на оние на кои им е потребна, давајќи голема љубов и емпатија. На сите ви посакувам мирен и среќен Божиќ“, рече Дедо Мраз.