По првото полувреме Македонија води со 1:0 против Лихтенштајн и доминираше во цело полувреме. Со гол на Барди одиме на пауза со водство.

Првата закана од Пандев дојде кон 5. минута од натпреварот кога од добра позиција шутираше, Бихел брани.

Во 7. минута од натпреварот Барди носи предност за Македонија по одличен гол од слободен удар.

Во 37 минута од натпреваот, по долго време зрела шанса за Македонија, Пандев од волеј шутираше, но право во Бихел кој одбрани.