Олеснувањето на мерките не ги убеди директорите на основните училишта да донесат одлука да дозволат организирање полуматурски вечери за учениците кои завршуваат основно. Директорот на ОУ „Петар Здравковски Пенко“ Енис Мемети, ни рече дека тие не сакаат да бидат причина за ширење на вирусот. Но, учениците се самоорганизираат. Многу деветодделенци одлучуваат да се организираат.
Ќе имаме мала средба и ќе ја одбележиме полуматурата, колку-толку. Во ресторан, ќе се организираме, ќе собереме пари. Сите сакаме бидејќи е спомен кој ќе остане во наредните години, сè што ќе остане од целото основно училиште до деветто одделение. Верувам дека тоа ќе биде овој настан.
Мислам дека требаше да се организира, но разбираме дека е така поради пандемијата, па затоа сами презедовме одговорност.
Со полуматурската забава, рака под рака доаѓа и нова облека.
Подготвени сме, малку брзо, но успеавме. Премногу сме мали за сами да организираме полуматура, тоа е, мора да се согласиме со тоа. Подготвени сме на сè, само да прославиме заедно, нешто за крај затоа што сме деветто одделение и повеќе нема да се видиме.
Колку планираш да потрошиш за оваа вечер? Не вреди да трошиме толку многу затоа што сме полуматуранти, ќе видиме.
За разлика од основците, матурантите од многу средни училишта веќе го прославија завршувањето на средното образование. Голем дел од нив организираа матурски вечери надвор од земјава, преку организирање на приватни екскурзии.