Полскиот претседател Анджеј Дуда предложи во Уставот на земјата да се воведе минимална потрошувачка за одбрана од најмалку 4 отсто од БДП.

Полска во моментов троши поголем процент од својот БДП за одбрана од која било друга членка на НАТО, вклучително и САД.

Според проценките на НАТО, лани таа бројка изнесувала 4,1 отсто од БДП, а годинава би можела да се искачи на 4,7 отсто.

Премиерот Доналд Туск изјави во парламентот дека трошењето 5 отсто за одбрана изгледа „неопходно“ и дека Полјаците ќе се соочат со „многу напор“.