Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска повика на меѓународна истрага за, како што го нарече „геноцидот“ извршен од руските војници во Украина, пренесува МИА.
-Предлагаме меѓународна комисија да го истражи ова злосторство на геноцид, рече тој, мислејќи на убиствата на цивили во градовите, вклучително и во Буча, во близина на главниот град Киев.