Додека Владата зборува дека платите и пензиите растат, статистиката покажува дека се уште половина од пензионрите имаат примања помали од 14.000 денари
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување во август регистрира вкупно 325. 637 корисници на пензија. Најниската пензија е 8.263 денари и ја примаат земјоделските пебнзионери, а највисоката која во просек изнесува 23.069 денари ја земаат воените пензионери.
Дури 50,6 проценти од пензионерите, или 163.012 од нив, во август земале по помалку од 14 илјади денари.
Просечната пензија во август изнесува 15.854 денари. Највисоката пензија е 57.992 деанра и неа во август ја земале 39 лица, додека вкупно 1.324 пензионери ги добиваат највисоките пензии што се движат од 40.548 до 57.992 денараи.