Половина од граѓаните во Македонија би се вакцинирале против вирусот Ковид-19, покажува теренската анкета која ја спроведе Институтот за демократија. 34 отсто од граѓаните рекле дека нема да се вакцинираат, а 16 проценти одговориле со „не знам“ или немале договор.
На прашањето која вакцина ја преферирате, речиси 40 отсто одговориле „Фајзер“. Најмалку ја преферираат АстраЗенека, само 3 отсто.
21 процент се изјасниле за Спутник, 6 отсто за Синофарм, а 5 за Модерна. Сепак, 27 отсто од граѓаните не дале одговор на ова прашање.
Големо е мнозинството на граѓани кои сметаат дека Владата не направила доволно за да ја адресира состојбата со здравството, економијата и образованието. Ваков одговор дале 53 отсто од граѓаните, 34 проценти, пак, сметаат дека спротивно од ова, а 8 отсто не дале одговор.
Анкетата на Институтот за демократија е спроведена теренски во периодот од 17 февруари до 10 март годинава врз репрезентативен примерок од 1010 испитаници со маргина на грешка од 3%.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.