СОСТОЈКИ:
– 2 поголеми тиквички
– 100 г шампињони
– 60 мл црвено винo
– 1 кромид
– 1 чешне лук
-15 зрна суво грозје
– 1 домат
– суво оригано и босилек
– сол и црн пипер
ЗА СОСОТ:
– 120 мл црно вино
-1 кромид
– 1 чешне лук
– 4 домати
– оригано, црн пипер, магдонос
ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете го виното за сосот со сечканиот лук и кромид, зачинете и варете додека омекнат. Додајте ги сечканите домати, варете додека тие омекнат и потоа испасирајте го сосот. Тиквиците пресечете ги на пола, издлабете ги, посолете ги и ставете ги во плех со малку вода, прекриени со фолија да се печат во рерна 20 минути на 175 степени. Месото од тиквичките иситнете го и ставете го да се динста со виното. Додајте ги сечканите шампињони, кромид, лук и зачините, па варете на средна температура. Кога ќе бидат варени шампиоњите додајте ги сечканите зрна суво грозје и доматите. Зачинете со сол и црн пипер, па со ова наполнете ги тиквиците. Печете ги кратко на 180 степени и послужете ги сосот од домати.