Европската комисија се подготвува да покрене тужба против Астра Зенека, објави европскиот портал  „Политико“, цитирајќи пет неименувани дипломати на Европската унија.

На состанокот на амбасадорите во средата, повеќето земји-членки на ЕУ изјавија дека ќе ја поддржат тужбата против компанијата во врска со поплаките дека не ги доставила договорените дози на вакцини за коронавирус до Европската унија, пренесува Ројтерс.

– Advertisement –

Целта на тужбата е да се принуди Астра Зенек да ги обезбеди дозите предвидени во договорот со ЕУ, се додава во информацијата што го цитира неименуваниот дипломат.

Прикажи повеќе