ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.

Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.

Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.

Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции.

Текстот Политико: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите е превземен од МАКФАКС.