Полициски инспектори ги проверувале камерите во судски совет бидејќи член на оваа највисока судска институција се сомневал дека некој му влегува во канцеларијата и му претура по работите, објави Телма.

Претседателот на советот потврди дека имало таква полициска акција во судскиот совет во петокот, но засега не се соопштува дали нешто е откриено.

Георгиев одговори и дека претставката против негова колешка е разгледана и во неа имало изнесени сомнежи за корупција односно дека таа со нејзин близок член во комисијата за прием во Академијата за судии и обвинители определувала кои кандидати ќе бидат примени.

Цела вест на Телма.