Четворица велешани, од кои еден малолетник се приведени откако вчера нападнале тројца припадници на шумската полиција.

Приведедените се на возраст од 18,36 и 57 години, а со нив било и детето.

Според пријавеното, на земјен пат од езерото Младост кон селото Ветерско, велешко, додека тројцата полицајци вршеле службени задачи,  ги затекнале четворицата дрвокрадци, по што биле физички нападнати од нив.

„Б.З. (едниот од дрвокрадците) користел и остар предмет и им нанел повреди на З.З. и Б.К. (шумска полиција), констатирани во болницата во Велес. додека В.В. (18-годишникот) се заканувал со вклучена моторна пила, како и С.З. и малолетното лице кои држеле дрвени предмети.

Напаѓачите потоа заминале со автомобил, но подоцна биле приведени и задржани во полициска станица.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.